еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Рекордно ниски температури: Во Берово минус 21, во Битола минус 20 степени

Минус 21 степен Целзиусов се измерени изутринава во Берово, минус 20 во Битола, минус 18 во Маврово, а минус 17 во Струмица.

Под нулата е насекаде во Македонија. Според прогнозата на УХМР, студеното време и минусните температури ќе продолжат и во текот на денов.

На планините е формирана снежна покривка која е највисока во Маврово 66 сантиметри и во Крушево 27 см.

Под влијание на влажен и студен бран, утре и во четврток ќе има нови пообилни врнежи од снег, особено во западните делови. Потоа следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благо покачување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Затворени за сообраќај неколку улици во центарот на Скопје заради протестите

Редакција

Ковачевски: Следната недела ќе се знаат идните чекори во врска со здружението „Ванчо Михајлов“, името е провокација

Редакција

Што пишува во писмото во кое Јанева бара сите предмети, истраги и предистраги на СЈО да бидат предадени на ОЈО

Редакција