еМагазин
Image default
Техно

Колку граѓаните трошат на онлајн купување дома и во странство

Македонските граѓани трошат просечно на една онлајн трансакција 19,7 евра кога купуваат дома, додека 31,5 евра кога купуваат од странски е-трговци, вели Нина Ангеловска, претседател на Асоцијацијата за е-трговија.

„Зголемената и подобра понуда од е-трговците, подобрено искуство и поголеми можности за купувачите се клучни за зголемување на интересот на граѓаните за онлајн купување. Големите компании исто така треба да го стават во фокус овој канал за продажба првенствено заради придобивките кои ги овозможува е-трговијата, а со тоа и значајно ќе влијаат и придонеснуваат кон раст на е-пазарот.

Главно она што ни фали е едукација и доверба, а таа ја градат најмногу домашните компании со нивните понуди, процеси, поддршка за купувачите и целокупно добро искуство кое ќе ги пресретне и надмине очекувањата на купувачите”, вели Ангеловска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

100 милиони евра во онлајн трансакции во првите три квартали од годинава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

A1 со промотивна понуда за Постпејд корисниците на мобилни услуги: Голем избор на смарт телефони за сурфање на најбрзата мобилна мрежа

Редакција

Фејсбук тврди дека ги отстранил проблемите што вчера предизвикаа втор прекин на работата за една недела

Редакција

(Видео) Нова ера за човештвото: Леталото на НАСА успешно се судри со астероид за да ја тестира можноста за одбрана на Земјата

Редакција