еМагазин
Image default
Балкан

Грција, Македонија, Александар Велики и БЈРМ најпопуларни статии на грчката Википедија за 2018

Грција, Македонија, Александар Велики и поранешната југословенска Република Македонија, се четирите најпопуларни статии на грчката верзија на Википедија за 2018 според Викимедија заедницата на корисници од Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Изминатата година, теми поврзани со разговорите за името го монополизирале интересот на Грците кои освен стандардните статии (Грција, Атина) пребарувале написи како на пример, иредентизам, Илинденско востание, Скопје, Микис Теодоракис, македонското прашање.

Поконкретно, објавената листа со најпопуларни 10 натписи за 2018 е следната:

1.Грција – 559.376 посети

2.Македонија, посветен на географската област Македонија –  339.112 посети

3. Александар Велики – 277.655 посети

4. Поранешна југословенска Република Македонија – 243.261 посети

5. La casa de papel, шпанската серија- 236.646 посети

6. Стивен Хокинг – 236.556 посети

7. Кралицата Елизабета Втора – 217.412 посети

8. Атина – 209.523 посети

9. Листа на грчки ТВ серии – 207.928 посети

10. Кристиано Роналдо – 206.990 посети.

Грчката Википедија, во 2018 имала над 358.800.000 посети.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Холандската влада го блокира приемот само на Бугарија во Шенген зоната, не и за Романија и Хрватска

Редакција

Путин победил и во Македонија, но не и во Србија

Редакција

Околу 25 припадници на КФОР повредени во судирите во северно Косово

Редакција