еМагазин
Image default
Македонија

Ѓорги Спасов: Касами и Села не ја гледаат големата слика

Со свое видување на последните случувања за обезбедување на потребното мнозинство за уставните измени, предвидени со Договорот од Преспа, на својот Фејсбук профил, се осврна и политичкиот аналитичар Ѓорги Спасов.

„Касами и Села не ја гледаат големата слика.

Со прифаќање на сегашните амандмани на Уставот и со подршка на тие амандмани од нивна страна, Македонија ќе го направи својот најголем исчекор кон членство во НАТО и во ЕУ.

Тоа членство е гаранција за решавање на сите други прашања кои може би не се соответно решени во Уставот.

Но, ако заради нивните уцени Македонија остане надвор од НАТО и од ЕУ тогаш шансите за решавање на такви прашања,токму Касами и Села ќе ги сведат на минимум.

Државјанството како припадност на граѓанинот на една држава и исто така едно од идентитетските обележја на човекот покрај неговата етничка припадност и потекло.

Грчката опозиција и бугарски националистички кругови би биле пресреќни таа отстапка од Грција за која се избори преговарачкиот тим од Македонија сега некој како Касами и Села да ја оспоруваат.

Таквата нивна кусогледа политика е само еден вид политичка одмазда кон Заев и турање бензин врз македонскиот национализам.

Не е за верување дека тие ова не го знаат.

Ова е само обид од нивна страна да си ја подигнат важноста во политиката, да заработат неколку националистички поени пред ДУИ и Беса на Африм Гаши и да го вратат тркалото на промените во насока на нова етничка и непомирлива мобилизација на гласачкото тело во двата кампа.

Ако е тоа се што смислиле тогаш дефинитивно лошо смислиле и време е да му дадат шанса на процесот кој од самиот почеток го подржуваат“, пишува Спасов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сакаат ли Села и Касами да бидат обележани како главна пречка за влез на Македонија во НАТО?

Да се тргне „македонско“ од државјанството: Што бара Касами од Заев

„Македонскиот народ“ да се замени со „граѓани“: Што ќе бара Села од Заев

Османи: Најлошата услуга за Албанците е да се испрати порака дека се кочничари на членството во НАТО

Фото: Фејсбук/Спасов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 50 пациенти заболени од корона вирусот, вкупно до сега 1.351

Редакција

Да се поведе прекршочна постапка за Ева Шуклева, откако е на функција нема поднесено анкетен лист, велат од Антикорупциска

Редакција

Убава вест: Оздравени 21 пациент кои боледуваа од корона вирусот

Редакција