Голем број реакции на социјалните мрежи предизвика вчерашната собраниска седница за уставните измени која заврши со говорот на премиерот Зоран Заев, а треба да продолжи денеска кога ќе се види и дали власта обезбедила двотретинско мнозинство гласови потребни за промена на Уставот и името на државата во Северна Македонија.
Главните критики се упатени кон начинот на кој се водат преговорите меѓу премиерот Заев и Биљал Касами од Беса и Зијадин Села од Алијансата на Албанците за исклучлително важно прашање какво што е промената на Уставот и името на државата.
Ви пренесуваме дел од реакциите на Твитер:
Дали навистина мислите дека Беса ги кочи измените на името?Нееее,тоа е глумење.Демек они се борат за правата а ЗаеФ демек трезвено не брани.
— НЕДОПИРЛИВА (@Nedopirliva1) January 10, 2019
Уставот отворен три прста. Села го подотвори до кај 4-5, уште Касами да брцне, и со 6-7 мислам дека ќе се роди Северна Македонија
— Joccccc…o (@6joco9) January 10, 2019
Срам ми е што живеам со генерацијата која ја уби Македонија.
— Rubens Muratovski (@Rub_Mur) January 9, 2019
Дечки, не можеме истовремено да менуваме име и да чистиме улици и тротоари од снег. Едноставно нема капацитет, институцииите се урнисани.
Борбата продолжува!
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) January 10, 2019
Оваа жена која НЕ Е УЦЕНЕТА, НЕ Е ПЛАТЕНА и ја зборува вистината за тоа што ќе ни се случи…
ако не ги сакате миленко,бачев,мирка,петка и тн,СЛУШАЈТЕ ЈА ЖЕНАВА,паметна е и нема никаков паричен интерес да размислува така како што размислува!!!
РАЗБУДЕТЕ СЕ БЕ !!!!! ОВА Е ВИСТИНА pic.twitter.com/p6UbJssto0— Makedonec🇲🇰🇲🇰🇲🇰 #Бојкотирам (@MKDGENETIC) January 8, 2019
Ради името не доаѓаат инвеститорите.
Пошто Азербејџан, Малезија, Данска, Еквадор, Уругвај, Перу, имаат поубави имиња….
Тоа е…. pic.twitter.com/YQFvxJMczf— Пази ЛЕЏА #Бојкотира (@LOshGZE) January 10, 2019
Има ли витална државна институција која би го осуетила и осудила овој антимакедонски, нецивилизиран и противуставен чин? 25 години се водеа преговори за името на државата, а само за два дена се ревидираше македонската држава, се порекна македонската нација со сите стекнати права.
— Katica Kulavkova (@kkulavkova) January 9, 2019