еМагазин
Image default
Локално

Детален преглед: Поради снегот скратени повеќе автобуски линии на ЈСП

Поради снегот денеска во Скопје повеќе градски и приградски автобуски линии се скратени. Не сообраќаат автобусите до Средно Водно и до Нерези (Македонско село) и приградските линии 64, 74, 80 а и 81.

Како што соопшти ЈСП „Скопје“, од приградските линии автобусот со број 58 место до селото Добри Дол сообраќа до општина Сопиште. Автобусите со број 11 и 11а сообраќаат до Дексион рампа, 18а до црквата во Визбегово, а 32 до Сарај.

Автобусот со број 47 сообраќа до крстосницата во село Љубанци, а 47а до влезот на селото Љуботен. Автобусот со број 51а сообраќа до мостот во Моране, 53 до селото Катланово, 55б до крстосницата во Арачиново, а 55в место до Грушино оди до депонијата.

Автобуската линија со број 56 место до селото Бојане сообраќа до патот за Бојане (Расадник), 56а до патот за Копаница (подвозник), 60 место до Матка оди до селото Шишево, 64а место до Никиштани сообраќа до Орман.

Автобусот со број 70 место до Батинци сообраќа по новиот пат до Дризла, 71 кој сообраќа до селото Бањани денеска оди по коцката, во двата правци.

Автобусот со број 160 сообраќа до селото Шишево, 164 за Кучково не соообраќа, а за Никиштани оди до Орман, 165 не сообраќа само за селото Виниче, 167 не сообраќа само за Страхојадица, а 180 оди до патот за Маркова река.

Граѓаните за детален преглед на скратените линии може да ја посетат веб-страницaта на ЈСП „Скопје“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР со хеликоптер спасуваше украински параглајдеристи од Галичица

Редакција

Петорица повредени во судар меѓу „БМВ“ и „Мерцедес“

Редакција

Скопјанка нападната со тврд предмет на улица

Редакција