еМагазин
Image default
Балкан

Ципрас и Каменос ќе се сретнат по разврската во македонскиот Парламент

Коалициските партнери во грчката Влада, Алексис Ципрас и Панос Каменос, прво ќе ја чекаат разврската кај нас, а потоа ќе остварат средба.

Иако беше неофицијално најавувана за денес, а и самиот премиер на Грција го спомена тоа во неговот завчерашно интервју, сепак, средбата се одложува, јави дописничката на МИА од Атина.

-Додека не се тргне блокадата што постои во ПЈРМ се договоривме да ја одложиме средбата со премиерот, изјавил претседателот на Независни Грци, Панос Каменос, во разговор со новинарите пред почетокот на состанокот на пратеничката група на неговата партија.

Тој додаде дека сите работи се меѓусебно поврзани, дека е во отворена комуникација со Алексис Ципрас, но и дека не може да се одржи средба врз основа на сценарија.

Како што претходно објави МИА, Каменос утрово изјави дека ниту е министер во заминување, ниту е пред оставка, додека, пак, во грчкиот Парламент во тек е состанок на пратеничката група на Независни Грци.

МИА/Фото: Грчка влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каменос: Единствената разлика во коалициската влада е името на Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Поставен споменик на Александар Велики во Атина

Редакција

Бугарскиот претседател Радев од Брисел: Во втората половина на јуни се очекува напредок за преговорите за членство на Македонија

Редакција

Земјите од Западен Балкан од 2025 до 2028 година треба да создадат единствен регионален пазар

Редакција