еМагазин
Image default
Локално

Откриена спрега меѓу градежната мафија и инспекторите во Гостивар

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.С.(51) од село Романовце, кумановско, за сторено кривично дело „бесправно градење“, против В.Р.(35) и С.Е.(40), двајцата од Гостивар за сторени кривични дела “несовесно работење во службата” и „злоупотреба на службената положба и овластување” и против Ф.С.(49) од Гостивар за сторено кривично дело „бесправно градење“, информира МВР.

Во периодот од 2015 година до 2018 година во Гостивар, првопријавениот, како инвеститор, изградил колективен станбен објект, на кој, спротивно на одобрението за градба, изградил дополнителен кат и поткровје.

Второ и третопријавениот, како градежни инспектори во општина Гостивар, не извршиле надзор на наведената градба, со што му овозможиле на првопријавениот да одбегне плаќање на комуналии и други давачки за изградба на наведениот објект, на штета на буџетот на општина Гостивар.

Четвртопријавениот, изведувач на наведениот објект, вршел градежни активности на истиот, без основен проект и писмен договор со инвеститорот на градбата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лазарева сабота: Во Дебар нема кој да ја продолжи традицијата на „лазарки“

Редакција

Фото на денот: Срна се прошета на првиот снег во Националниот парк Пелистер

Редакција

Гореше автомобил во Куманово

Редакција