Скопскиот аеродром од 22:45 часот синоќа беше затворен за сообраќај, откако воздухоплов на компанијата „Германија“ тип Ербас 321 со околу 200 патници, пред полетување за Цирих заглавил во нанос од снег.
Како што информираше претседателот на Управниот одбор и директор во МНА-В Николче Тасески за МИА, во моментов е завршена операцијата за одглавување на воздухопловот со помош на возила за push back од ТАВ.
-Во воздухопловот нема повредени патници и физички оштетувања на истиот. Компанијата го откажала летот и се очекува да биде реализиран во текот на денешниот ден, истакна Тасески.
МИА/Фото: ТАВ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев синоќа не присуствуваше на ЦО на СДСМ поради снегот
Заев слетал на софискиот аеродром поради невремето во Скопје
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.