еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(ВИДЕО) Тинејџерите „одлепија“ по нив: Кои се македонските јутјубери Марко Марковиќ и Стефан Рашковиќ

Македонските јутјубери Марко Марковиќ или GP и Стефан Рашковиќ или Steffonator за неколку часа успеаа да продадат илјада примероци од нивната прва книга „Нашиот пат“ (што многу ретко се случува кај нас кога е во прашање книга) на вчерашната промоција во Македонскиот културен центар (МКЦ).

Кои се Марко и Стефан?

Поимот јутјубери е непознат за постарите генерации. Станува збор за лица кои прават видеа, коментираат нечии други видеа и сл. на каналот You tube.

Во случајот на Марко и Стефан станува збор за правење на сопствени видеа – едукативни, смешни, забавни…, стримуваат видео игри…

Тие не се популарни кај новите генерации само на You tube, туку и на социјалните мрежи каде имаат илјадници следачи, а нивните видеа се едни од најгледаните.

Марко Марковиќ и стана познат на македонската јавност пред неколку години кога како ученик во втора година во скопската гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ ја претставуваше Македонија на Светскиот натпревар за Мајкрософт офис специјалист што се одржа во САД.

Стефан Рашковиќ е студент на мултимедија и дизајн.

Тој стана препознатлив и по серијалот „90 Секунди“, во кој гостуваат македонски ѕвезди, во кој тој им поставува прашања, кои како што вели самиот, никој не им ги поставува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Опасна по живот беше промоцијата на книгата на македонските јутјубери: Дете се онесвести, а родителите доживеаја нервен слом

Фото/видео: GP/Steffonator

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што пишува во Уредбата за прогласување на кризна состојба при недостиг на струја, донесена од Владата

Редакција

(Фото) Кајакарење пред Владата

Редакција

Ќе се вратат ли учениците во училишните клупи: СОНК денеска треба да се произнесе за предлогот на Владата за зголемување на платите од 10%

Редакција