еМагазин
Image default
Македонија

Пребеганиот Никола Груевски остана без пратеничката плата

Собранието на Република Македонија со 52 гласа „за“ и два „воздржани“ денеска ги усвои дополнувањата на Законот за пратеници, со кои на поранешниот премиер Никола Груевски ќе му се укине пратеничката плата.

Усвоеното законско решение предвидува ако пратеник е осуден со правосилна судска пресуда на казна затвор подолга од шест месеци, да го губи правото на исплата на плата, други лични примања и надоместоци на трошоци.

„Законот ќе обезбеди подобрување на извршувањето на функцијата пратеник, како и нејзиното професионално вршење“, стои во образложението на допнувањата што ги поднесоа пратениците Снежана Калеска-Ванчева и Мухамед Зеќири од СДСМ, Горан Мисовски и Соња Мираковска од НСДП, Реџеп Мемеди од БЕСА и Реџеил Исмаили од ДУИ.

Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиевски оцени дека законската измена е неуставна, што беше негирано од неговата колешка од НСДП, Соња Мираковска која рече дека се надополнува празнина во Законот.

Поранешниот премиер Никола Груевски, според новите законски измени, ќе ја загуби пратеничката плата, бидејќи е правосилно осуден на две години затвор за набавката на луксузниот блиндиран мерцедес во предметот на СЈО „Тенк“.

Груевски веќе неколку месеци е во Унгарија, каде од тамошните власти експресно доби азил.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер „полуде“ за избришаните снимки од Албанија: „Груевски како Каспер, камера не го фаќа“

Експремиерот останува без пратеничка плата: Што пишува во „законот за Груевски“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: За три дена 184 оздравени од Ковид-19

Редакција

Детали од Обвинителство за претресот во домот на Боки 13: Oдземени брендирана гардероба, накит, часовници, уметнички дела, оружје

Редакција

Продолжува судењето за „Титаник“, ќе се изведуваат материјални докази

Редакција