еМагазин
Image default
Да помогнеме

На девојче (15) оперирано од тумор, откриен и е нов: Не се знае уште каква битка следува

На девојче оперирано пред некој ден од тумор, откриен и е нов тумор. Не се знае уште каква битка следува. Девојчето уште не знае од што боледува. Следуваат припреми со психијатар и детски психолог, за борбата која и претстои.

Ова се вели во апелот за помош на фејсбук-страницата „Стопли срце“

„На 15 години наместо да ужива во тинејџерството, ќе ја започне најтешката борба – борба за живот! На само 15 години!!! Родителите избезумени, збунети, без пари, еден вработен, а долга борба…

Во наредниов период ќе биде потребна специјална исхрана и витамини, која чини. Луѓето едвај крај со крај врзуваат. Ни се обратија за помош, со надеж дека ќе може да им го стоплиме срцето и да им помогнеме, да можат да го запазат и финансиски издржат посебниот начин на исхрана.

Акцијава ќе трае кратко, макар да собереме минимални средства за тековната исхрана и трошоци…

Да помогнеме да обезбедат лекови, витамини и основни намирници за посебна исхрана, патот до Скопје, по болници…

Да им помогнеме колку можеме во оваа тешка битка која допрва почнува.

Бројот за донации на здружението Стопли Срце во моментов го наменуваме за малечката хероина.

Да дадеме поддршка на ова семејство со повик на бројот 143 444 за сите корисници на Македонски Телеком“, се вели во апелот на „Стопли срце“

Здружение на граѓани „Стопли срце”

Сметка за донации: 270072685480143
IBAN: MK07270722000030435
HALKBANK

Телефон за донации 143 444 (за Телеком корисници)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петти ден ни трага ни глас од Марија Брзакова од Босилово, полицијата трага со кучиња

Редакција

34-годишната Елизабета Гуцева шест години се бори со канцер, потребна ѝ е нашата помош за лекување во приватна клиника

Редакција

(Фото) Изгубена е жена која боледува од Алцхајмерова болест

Редакција