еМагазин
Image default
Да помогнеме

(Фото) Каква сиромаштија: Таткото слеп, куќата може да се сруши врз детето

Новиот проект наречен Хуманитарен маратон „Неготино се буди“ е дел од серија настани кои што ќе се организираат во текот на овој месец.

„Сите тие настани се со иста цел, да подадеме рака на најранливите, беспомошните. Да ги гушнеме толку силно, што никогаш нема да го заборават чувство на нашата прегратка и грижа. Собраните средства од овие големи настани, големи затоа што се со срце правени, ќе бидат донирани на најзагрозеното семејство во општината.

Тричлена фамилија каде што таткото е слеп. Луѓе кои немаат добар кров над главата, живеат во кал и куќа која може да се распадне во секој еден момент. Отворена покана до сите граѓани да успееме да ја вратиме топлината и надежта за подобро утро на овие наши сограѓани“, напиша Димитар Аврамов на неговиот фејсбук-профил.

Сметка за донации: 240197002114139

Уни Банка

Милан Најдов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корчагинци преку хуманитарна претстава ќе собираат финансиски средства за лекување на соученик

Редакција

Утре во Зоолошка: Хуманитарен базар за бездомните крзнени пријатели

Редакција

Лидија Ристевска: Мултиплекс склерозата ми ги украде соништата, ми земаше дел по дел

Редакција