еМагазин
Image default
Македонија

Собранието ја почнува расправата за одземање на пратеничкиот имунитет на Љупчо Димовски

На седница на Собраниетио на Република Македонија, денеска почнува расправа за барањето за одобрување притвор на пратеникот Љупчо Димовски, поднесено од скопскиот Кривичен суд.

Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања пред неколку дена со пет гласа „за“ и четири „против“ го прифати барањето на судот за притвор на Димовски и му предложи на Собранието да го одобри.

Димовски, заедно со уште двајца поранешни министри за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и Ацо Спасеновски, како и поранешниот заменик-министер Кристијан Делев се под истрага за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште со што предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот.

На Цветков и на Делев им е одреден триесетдневен притвор, а на Спасеновски заради утврдени здравствени проблеми му беше определена мерка „куќен притвор“.

Фото: Фејсбук/Димовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил ексминистерот и актуелен пратеник, Љупчо Димовски

Кој е Љупчо Димовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Врховен не е пристигнато решението на Кривичниот суд за Томор Морина

Редакција

Советот за безбедност ќе биде свикан до крајот на месецот

Редакција

Џафери треба да одмара, Мисовски ќе ја предводи делегацијата на Мечкин камен

Редакција