еМагазин
Image default
Забава

Српската премиерка со девојката чекаат бебе

Српското издание на магазинот Глорија објави дека српската премиерка Ана Брнабиќ (43) и нејзината неколку години помлада партнерка, д-р Милица Ѓурѓиќ, наскоро ќе станат родители.

Тие се заедно осум години.

Според Глорија, Ѓурѓиќ се подложила на вештачко оплодување и поради бременоста веќе неколку месеци не се појавувала во јавноста со Брнабиќ.

Од Клиничкиот центар на Србија, од Центарот за радиологија и магнетна резонанца каде што работела, е потврдено дека Ѓурѓиќ отишла на трудничко боледување.

„Премиерката останува при ставот да не зборува јавно за приватни работи. Во секој случај, благодариме на убавите желби“, кажале за Глорија од кабинетот на премиерката, кога се јавиле за да ѝ честитаат на Брнабиќ и нејзината партнерка.

Фото: e-stock.us/Danijel Milutinovic

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пере од „Нокаут“ по трет пат татко, доби уште една ќерка

Редакција

(Видео) Дејвид Гета одржа онлајн концерт од Мајами, го следеа стотици илјади фанови низ светот

Редакција

(Видео) Ријана го запали Интернет со нова кампања за долна облека

Редакција