еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Македонските филмови ги препознаваат во светот: „Крајот на времето“ на Манчевски ја доби наградата Curator’s Choice

Краткиот експериментален филм „Крајот на времето“ на режисерот Милчо Манчевски ја доби наградата Curator’s Choice на американскиот патувачки филмски фестивал за кратки филмови Wandering Reel Traveling Film Festival.

„Крајот на времето“ е кубанско-американска копродукција по сценарио и режија на Милчо Манчевски, експериментален филм кој Кетлин Мекинис, директорката на фестивалот во Аспен го нарече „хипнотичен и величествен“.

Берлинскиот Либери фестивал вели: „Свежиот минимализам и авторитетната едноставност на „Крајот на времето“ се навистина потресни“, а Дејан Здравков од Филозофскиот филмски фестивал во Скопје напиша:

„Неверојатно привлечна кинематска и уметничка игривост, експериментално трансцедентално патување… ретки и безвременски мигови“, додека канадскиот режисер на експериментални филмови и критичар, Мајк Хулбум, вели: „Студија на секојдневното и на тајното спасение кое мирно чека додека никој не гледа. Вниманието на гледачот е поттикнато да скита по сликата, небаре нашата потреба од херои или предмети за тестирање веќе не е неопходна.“

Филмот е прикажан на повеќе од 30 фестивали, музеи и уметнички галерии и има освоено 6 награди, меѓу кои и во Аспен и Берлин. Светски дистрибутер на филмот е Пасифик воис од Јапонија.

Пред само десетина денови Манчевски беше награден и на годинашниот јубилеен 30. Mеѓународен филмски фестивал во Трст, Италија, каде му беше доделена наградата Eastern star за достигнувања во областа на кинематографијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

dm drogerie markt донираше повеќе од 360 илјади денари на одделот за урологија при Градската општа болница „8. Септември“ во Скопје!

Редакција

(Галерија) Ивановски и Поп Арсова срушија два државни рекорди: 2.000 тркачи на Skopje Run 10K

Редакција

Ленче Здравкин и Омер Калеши добитници на наградата „Мајка Тереза“

Редакција