еМагазин
Image default
Балкан

Нова демократија нема да гласа за ратификација на Протоколот за членство на Скопје во НАТО

Денес сме овде да разговараме за последниот, формален чекор за една донесена обврска за земјата, веќе донесена одлука од ратификацијата на штетниот Договор од Преспа, рече надлежниот за надворешна политика во најголемата грчка опозициска партија, Јоргос Кумуцакос говорејќи како известувач за нацрт законот пред членовите на Комисијата за национална одбрана и надворешни прашања во грчкиот Парламент и го повтори ставот на Нова демократија дека нема да гласа за ратификација на Протоколот за членство во НАТО, јави дописничката на МИА од Атина.

-Не гласаме за протоколот за влез на Скопје во НАТО, бидејќи тоа е она што формално произлегува од договорот, кој јасно е дека е штетен, бидејќи тоа е првиот договор, историски, во кој Грција дава нејзина согласност, нејзин потпис во прифаќањето дека постои наводен македонски јазик и македонска националност. Комбинацијата на името Северна Македонија со прифаќањето од Грција дека постои наводен македонски јазик и националност е основа за развој на на пост-преспанскиот иредентизам на Балканот, рече пратеникот од Нова демократија.

Кумуцакос порача дека Договорот од Преспа не е балансиран, а „грчкиот народ никогаш нема да го засака“.

-Овој договор, интеграцијата во НАТО е првото материјален, опиплив, конкретен, позитивен резултат за Скопје. Тие, веќе започнаа да имаат опипливи, позитивни резултати од Договорот од Преспа. И ќе следи исто така обврска на Грција, поддршка за почеток на процесот на интеграција во Европската Унија. Што имаат Грците материјално, позитивно од ратификацијата на овој договор? Ова е главното прашање на кое треба да одговорите, порача Кумуцакос и додаде дека „во Скопје слават и логично е тоа, а Грците и понатаму се со недоверба и целосно негативни за овој договор“.

Надлежниот за надворешна политика во Нова демократија се осврна и на „следниот ден по членството во НАТО“, запрашувајќи се каков би бил ставот и на чија страна би било Скопје во случај на несогласувања меѓу Атина и Анкара за одредено прашање.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ципрас: Договорот од Преспа помага Солун да добие лидерска улога во регионот

Редакција

„Преспа форум“: Милановиќ, Бегај и Милатовиќ за брза евроинтеграција на Западен Балкан

Редакција

Вучиќ на „Отворен Балкан“: Да ја зајакнеме соработката за да си помогнеме да ја преживееме зимата

Редакција