еМагазин
Image default
Бизнис

Недостигот од квалификувана работна сила проблем број еден во преработувачката индустрија

Најголемо влијание врз огрничувањето на обемот на производството во преработувачката индустрија имаат недостигот од  квалификувана работна сила со 28.7%, недоволната домашна побарувачка со 15.5%, недоволната странска побарувачка со 15.3% и неизвесното економско окружување со 8.9 %.

Ова го покажува најновата анкета на Државниот завод за статистика меѓу раководителите на деловните субјекти-преработувачи од чија активност битно зависи економскиот пораст во земјава.

„Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јануари 2019, во однос на декември 2018 година е поневолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на декември 2018 година“, укажуваат преработувачите.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јануари 2019 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а e поповолна во однос на јануари 2018 година.

„Се очекува бројот на вработените да се зголеми. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јануари 2019 година изнесува 68.2 % од  нормалното искористување“, се вели во истражувањето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради блокирана пруга патничкиот воз од Скопје до Битола вчера патувал 10 часа

Редакција

Банките ги намалија каматите на кредитите за населението и компаниите

Редакција

Комерцијална банка за менаџерскиот тим лани одвоила 2,5 милиони евра

Редакција