еМагазин
Image default
Бизнис

Банките ги намалија каматите на кредитите за населението и компаниите

Во април, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,23%, со што продолжи нејзиниот тренд на месечно и годишно намалување (0,03 процентен поен и 0,42 п.п., соодветно), соопшти Народната банка.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во текот на април, се намали за 0,13 п.п. на месечно ниво и достигна 4,71%. Анализирано на годишна основа, таа забележа намалување за 0,23 п.п.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор во април изнесува 4,52% и бележи месечно намалување за 0,02 п.п.

Падот произлегува од пониските каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула и на кредитите во странска валута (за 0,04 п.п. и 0,01 п.п., соодветно), додека каматната стапка на денарските кредити со валутна клаузула се задржа на нивото од претходниот месец.

Гледано на годишно ниво, просечната каматна стапка на вкупните кредити се намали за 0,51 п.п.

Во април, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата се намали за 0,03 п.п., споредено на месечна основа и изнесува 5,98%.

Пониската каматна стапка е резултат на падот кај каматните стапки како на денарските кредити без и со валутна клаузула за 0,07 п.п. и 0,01 п.п., соодветно, така и на кредитите во странска валута за 0,04 п.п. Во однос на април 2018 година, просечната каматна стапка е пониска за 0,35 п.п.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Институтот за јавно здравје вработува 16 лица, плата до 28.734 денари

Редакција

КД Фондови станa дел од Generali Групацијата

Редакција

Со 19,8 милиони денари од Буџетот ќе се финансираат програмски активности на 33 здруженија на граѓани

Редакција