МВР синоќа во 20 часот издаде соопштение во кое се вели дека: „полицијата спроведе оперативно-тактички мерки и претреси на неколку локации поврзани со потенцијални планови и намери за извршување на терористички акт на територијата на нашата држава од страна на припадници на радикални структури поддржувачи на ИСИС“.
Ова соопштение за граѓаните не значи ништо, бидејќи освен што МВР си ја врши должноста, „работи на осигурување на безбедноста на граѓаните“, чуму инфо, ако не се дадат препораки, што треба граѓаните да прават во ваква состојба.
Граѓаните уште понепријатно се почувствуваа, откако два часа по соопштението на МВР, предупредување до своите државјани издаде и Амбасадата на САД, во кое се вели дека: „постои зголемен ризик од терористички напади инспирирани од екстремистичка идеологија, во Северна Македонија“.
Во него тие ги предупредуваат дека: „екстремистите повеќе се стремат кон изнаоѓање и напади врз „меки цели”, како што се: трговски центри и пазари, аеродроми, хотели, клубови и ресторани, верски објекти, училишта, паркови и јавни настани од висок профил (спортски натпревари, политички митинзи, демонстрации, празници, славенички собири итн“.
Што значи тоа, да се избегнуваат тие места, да се ограничи движењето, да се седи дома?
Што?
Препораките треба да ги слушнеме од МВР, кои не можат да излезат со штуро и оперативно соопштение, во кое ништо не кажуваат, а создаваат вознемиреност.
Доколку веќе предупредуваш, дај препораки.
Во спротива, сериозна безбедносна закана, може да се сфати како едно од многуте сценарија, со кои граѓаните веќе се навикнаа да живеат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР: Спречен можен терористички напад од поддржувачи на ИСИС