еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Техничкиот преглед на „Дурмо турс“ добил забрана, а по неколку дена решението е поништено

Се уште не се утврдени точните причини од страна на МВР за сообраќајната несреќа која беше кобна за овие 15 луѓе, рече на прес-конференција Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Компанијата „Дурмо турс“ која е сопственик и превозник чиј автобус излета од патот, била воедно и сопственик на станица за технички преглед „Авто мото здружение“- Гостивар. Она што е сомнително е што истата „Дурмо турс“ своите возила ги регистрирала токму во сопствениот технички преглед во Гостивар.

Станицата за технички преглед „Авто мото здружение“-Гостивар, добила забрана за вршење на технички преглед од страна на Министерството за внатрешни работи, но само по неколку дена вршен е нов надзор и решението за забрана им е поништено“, рече Ѓорѓиевски.

Тој праша зошто дозволил министерот иако по закон е изречена забрана за вршење на технички преглед во времетраење од 30 дена, да се изврши нов надзор за само  7 од 10 дена односно повторен увид и врз основа на записник и мислење од Бирото за јавна безбедност – сектор за сообраќајни работи да му издаде ново решение за работа, што е спротивно на закон за давање и одземање овластување за технички преглед.

„Кој го потпишал записникот за увид, кој излегол на увид и со чија наредба иако знаел дека во законски предвидениот рок од 30 дена не смее да врши увид се отстранети сите неправилности.

Дали за време на за забраната е вршен технички преглед, а потоа се дерегистрирани сите возила што се поминати за време на одземеното овластување. Зошто не е санкционирана станицата за вршење технички предглед за стореното кривично дело?

По закон станиците треба да го чуваат видео надзорот 12 месеци. Дали се извадени снимки од видео надзорот за да се утврди дали автобусот бил во станицата и на кој начин е вршен технички преглед?“, праша Ѓорѓиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР го демантира ВМРО-ДПМНЕ за техничкиот преглед на автобусот на „Дурмо турс“

„Дурмо турс„ сам на себе си правел технички преглед: Лавина од реакции на социјалните мрежи

Обвинителство денеска започна со испитување на очевидци на автобуската несреќа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот не дава одложување на затворската казна, Кочан доставил ново барање

Редакција

Поради 8 здравствени работници кои заболеле од Ковид-19, штипска Кардиологија и Физикална терпарија не примаат пациенти

Редакција

Рангелова: Раководни лица од ВМРО-ДПМНЕ вршат притисок, Митко Јанчев затоа не се појави на телевизија

Редакција