еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Свети Наум, Свети Климент и цар Самуил ќе ги славиме заедно со Бугарите

Постигната е согласност за заедничко одбележување на цар Самоил, Свети Климент и Свети Наум на дводневната средба на заедничката Комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија што заврши синоќа во Скопје.

“По долги дебати, заедничката комисија постигна согласност да даде препорака до владите на двете држави дека постојат доволно елементи за заедничко одбележување на Св. Климент, Св. Наум и цар Самоил, како мост за градење на меѓусебни пријателски односи, во духот на Договорот за пријателство и добрососедство“, се вели во соопштението од Институтот за национална историја.

На средбата била разгледувана можноста за заедничко одбележување на некои историски личности кои се значајни и за двете држави, додека дискусијата за учебниците по историја била одложена за следната средба.

Ова е четврта средба на заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања, која е формирана согласно Договорот за добрососедство меѓу двете земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот европратеник Ковачев: Григор Прличев е Бугарин, нема простор за компромис

Предлог на бугарско-македонската комисија: Заедничко одбележување на Св.Кирил и Методиј и на Прличев

Скопје ќе биде „преплавено„ со „грчки“ споменици: Следи имплементација на Договорот од Преспа

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа шест нови лица од корона вирусот, помеѓу кои и 34-годишен заболен

Редакција

ДУИ: Скандалозен и срамен чин на упад во уставно загарантираната автономија на ИВЗ

Редакција

Мизрахи на седница ќе ги повика поранешните министри за здравство за случајот на Онкологија

Редакција