Синоќа се одржа 22. забавната манифестација Златна бубамара на популарноста.
„Најголемото шоу што ги сумира, низ смеа, сатира и музика, врвните достигнувања на минатата – 2018 година. Четиричасовното бегство во светот на смеата и шегата, апсолутно спротивен од светот на нашата реалност, но најнепосредно инспириран од него“, се вели на официјалната веб-страница на Златна бубамара.
Еве ги наградените за најголеми достигнувања во 2018 година:
Награда за детска престава: „Земја во која не се стигнува“ (Театар за деца и младинци)
Награда за животно дело: Григор Копров
Музичко откритие на годината: „Дупер“
Најпопуларна детска ТВ серија на годината: „5+ Фамилија“
Балетска претстава на годината: „Ана Каренина“ (МОБ)
Интернационален успех на годината : Џијан Емин
Маестро на годината: Дино Имери
Награда за трајни музички вредности: Мики Јовановски Џафер
Спортски подвиг на годината: Марко Пејчиноски
Најпопуларен фото модел: Вера Мештеровиќ
Спортист легенда: Перо Антиќ
Најпопуларен балкански хит: Петар Грашо – „Ако те питају“
Концерт на годината: Влатко Стефановски во Антички театар Охрид
Албум на годината: Влатко Стефановски – „Мајчин јазик“
Театарска претстава на годината: „Еден месец на село“ – МНТ
Актерка на годината: Ирена Ристиќ
ТВ забавна сатирична емисија: „Фчерашни новости“
Најпопуларен плех оркестар: Џамбо Агушев
Најпопуларен ТВ Проект: „Преспав“ – ОХО
ТВ Актер на годината: Горан Стојановски
Млад ТВ актер: Дритон Вејсели
Награда за животно дело: Милован Лане Гутовиќ
Награда за трајни музички вредности: Бора Ѓорѓевиќ
Најпопуларен хор на годината: Академски Хор „Мирче Ацев“
Продуцент на годината: Лазар Цветковски
Пејач на годината: Влатко Лозаноски
Хит на годината: Влатко Лозаноски – „Јако Јако“
Група на годината: „Нокаут“
Фото: Фејсбук-страница на Златна бубамара