На вчерашната владина седница не бил на дневен ред и не е дискутирано за законското решение за Специјалното јавно обвинителство (СЈО), одговори денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски на прашањето дали има рок до кога треба да биде донесен и дали е тој во состав на реформските закони.
Медиумите пак деновиве пишуваат дека една од причините за наводното несогласување на владејачките партии, СДСМ и ДУИ е токму овој закон, со кој ќе се овозможи да бидат гонети неколку функционери на ДУИ, меѓи кои и лидерот, Али Ахмети и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.
Османи денеска изјави дека тоа е лажна вест и дека ДУИ дава апсолутна и целосна поддршка на СЈО.
“ДУИ е и единствената партија во Република Северна Македонија што има донесено одлука на претседателството и бара целосна истрага од домашни и меѓународни организации на сите функционери од 2002 до сега, бидејќи е време да се почне битката против лажните вести и пропаганда. Значи ДУИ е единствената партија и ги повикуваме и другите политички партии да го направат истиот повик до институциите да направат истрага на нивните функционери додека биле на власт“, рече Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Оскарот за најдобар актер во македонското Собрание оди во рацете на…
Арсим Зеколи: “ДУИ не е проблемот. ДУИ е последица. СДСМ е проблемот
Во пресрет на изборите: Нешто смрди во коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ