еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Во пресрет на изборите: Нешто смрди во коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ

Како да се власт и опозиција, а не коалициски партнери во Владата се однесуваат деновиве СДСМ и ДУИ, а последна капка во чашата се чини беше седницата за одземање на имунитетот на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски.

Очигледната намера на актуелниот претседател на Собранието Талат Џафери да му се дозволи на Вељаноски да го задржи имунитетот предизвика бурни реакции и обвинувањата од повеќе членови на СДСМ, меѓу кои и премиерот Зоран Заев кој изјави дека се крајно револтирани од начинот на кој била водена седницата.

Претходно, ДУИ откажа послушност на препораките на премиерот блиските роднини на функционерите да се откажат од новодобиените работни места во државната администрација и јавните претпријатија со што директно го поткопаа неговиот авторитет во Владата.

Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири вчера дури јавно се закани дека на партијата не и е потребна ДУИ за да формира Влада.

Ваквото заострување на односите меѓу двете партии доаѓа во период пред одржувањето на претседателските избори, за кои и по повеќе средби СДСМ и ДУИ не успеаа да најдат заеднички прифатлив кандидат.

Дали токму тоа е позадината на ваквото зајадување ќе покаже времето, а до тогаш најголем бенефит од ваквата ситуација ќе има ВМРО-ДПМНЕ односно нивната кандидатка за претседател Гордана Силјановска -Давкова, која полека ги освојува симпатиите на гласачите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Оскарот за најдобар актер во македонското Собрание оди во рацете на…

„А шо демек Вие сте немале секс со бивши, па им замерувате на ДУИ за ВМРО?!“: Твитер се „вжешти“

„Џабе се више сите напади врз ДУИ, одговорни се спасителите на ДУИ„: Твитер за имунитетот на Вељаноски

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грипот ќе ја усложни состојбата и со Ковид-19: Од денеска започна пријавување за вакцинација против сезонски грип

Редакција

Пратеникот на Беса, Зендели нуди оставка, ако се тргне условот 20% од Уставот за албанскиот јазик

Редакција

Врховниот суд ja укинал пресудата за Панчевски поради сторени повреди на Законот за кривичната постапка

Редакција