Унгарските власти ја стопираа истрагата за поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, кој избега во Унгарија, каде доби политички азил, пренесува унгарскиот портал 444.ху.
„За време на истрагата е утврдено дека Груевски поседувал легални патни документи на унгарско-српската граница и на останатите гранични премини, како и дека неговиот влез во Шенген-зоната бил во согласност со законските прописи“, стои во полицискиот извештај со кој е затворена истрагата за случајот.
Според извештајот на унгарското полициско Одделение за илегална миграција, во случајот на Груевски не е утврден незаконски премин на границата иако, како што јавуваат унгарските медиуми, не е прецизирано точно со кои документи тој патувал до Унгарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груевски на Фејсбук: „Прво влез во НАТО и ЕУ, а потоа корекција на штетата„
Фото: Фејсбук/Груевски