еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Милошоски и Ременски, министрите Бектеши и Фазлиу: Кој се е на новата листа на Антикорупциска за непотизам

Државната комисија за спречување корупција или позната во јавноста како Антикорупоциска комисија, отвори 42 нови предмети за сомневање за непотизам и судир на интереси за вработувања на лица блиски до функционери во државни компании и институции.

На листата се најдоа и роднини на пратеникот Антонио Милошоски и потпретседателката на Собрание, Фросина Ременски, министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот за локална самоуправа, Сухејљ Фазлиу

Најчесто спомнувани државни фирми и институции се ЕЛЕМ, АЕК, Централен регистар…

Оваа е целата листа:

1.Жарко Симески, брат на пратеничката Анета Симеска Димоска, вработен како директор во Здравствениот дом во Македонски брод

2.Бојан Вељановски, син на директорот на Македонски шуми-Македонски брод, вработен во Македонски шуми-Македонски брод

3.Јовица Матевски, внук на Сашо Тасевски, директор на БЈБ, вработен како референт во МВР

4.Катерија Котевска, сопруга на директорот на затворот „Скопје“, Ѓоко Котевски, вработена во УЈП

5.Ѓорги Иванов, братучед на пратеникот Сашко Атанасов, вработен како наставник во ОУ „Гоце Делчев“-Општина Василево

6.Зоран Атанасов, братучед на пратеникот Сашко Атанасов, наставник во ОУ „Гоце Делчев“-Општина Василево

7.Сања Лалчевска, ќерка на пратеничката Татјана Лалчевска, вработена како дефектолог во детската градинка Младост

8.Дејан Ковачев, сопруг на пратеничката Тања Ковачева, вработен во АД Аеодроми на Македонија

9.Катерина Хаџиевска Јакимовска, сестра на пратеничката Тања Ковачева, вработена во УЈП

10.Боби Јакимовски, зет за сестра на пратеничката Тања Ковачева, вработен во Водовод и канализација-Скопје

11.Зоран Ременски, внук на пратеничката Фросина Ременски, вработен во ЕЛЕМ

12.Никола Шумански, брат на пратеничката Славица Митева Шуманска, вработен во Царинска управа-Штип

13.Вера Костова, сопруга на пратеникот Сашко Костов, вработена во детската градинка „Павлина Вељанова“

14.Радица Солевски, сопруга на претседателот на Совет на Општина Кочани, Томе Солевски, вработена во АД Станбен и деловен простор

15.Назим Хани, син на заменик генералниот секретар на Владата, Такир Хани, вработен во ЕЛЕМ

16.Нертила Усеини Каба, шурнајка на министерот за економија, Крешник Бектеши, вработена во ЕЛЕМ

17.Катерина Јорданова, сестра на пратеникот Ристе Ташев, вработена во ОУ Страшо Пинџур Неготино

18.Мики Томев, син на шефот на кабинетот на премиерот Зоран Заев, Мирјана Јанева, вработен во АД Станбен и деловен простор

19.Ајсел Фазлиу, сестра на министерот за локална самоуправа, Сухејљ Фазлиу, вработена во МВР

20.Верда Фазлиу, сестра на министерот за локална самоуправа, Сухејљ Фазлиу, вработена во Влада

21.Абдул Кадел, внук на на министерот за локална самоуправа, Сухејљ Фазлиу, унапреден во директор за безбедност на железничкиот систем при Министерството за транспорт и врски

22.Кристина Божиновска, сопруга на Кирил Божиновски, поранешен генерален секретар на Владата, вработена во АЕК

23.Бојана Гошева, ќерка на поранешната претседателка на Уставниот суд, Елена Гошева, вработена како советник во АЕК

24.Слободанка Гиева, ќерка на поранешната претседателка на Уставниот суд, Елена Гошева, вработена во Телеком

25.Драгица Лепавцова, сестра на поранешниот амбасадор Александар Лепавцов, вработена во АЕК

26.Сања Димитриовска, поранешен државен сектретар во МВР за вработување во АЕК

27.Мики Цветковски, син на Орце Цветковски, поранешен градоначалник на Општина Лозово, вработен во ЈПВ Лисиче Велес

28.Стојан Пешевски, внук на Орце Цветковски, поранешен градоначалник на Општина Лозово, вработен како информатичар во Општината Лозово

29.Убавка Дончевска, внука на Орце Цветковски, поранешен градоначалник на Општина Лозово, вработена како советник во ЛЕР Општина Лозово

30.Велин Николов, братучед на Орце Цветковски, поранешен градоначалник на Општина Лозово, вработен како комунален редар во Општина Лозово

31.Александра Милошоска, снаа на пратеникот Антонио Милошоски, вработена во УЈП

32.Владо Коруноски, вујко на пратеникот Антонио Милошоски, вработен како раководител во Агенцијата за кастар

33.Станко Коруноски, братучед на пратеникот Антонио Милошоски, вработен во Централен регистар

34.Јелица Милошоска, братучетка на пратеникот Антонио Милошоски, вработена во ЈП Водовод и канализација-Скопје

35.Дамјан Самарџиски, син на Влатко Самрџиски, член на Судски совет, вработен во Основен суд Скопје1

36.Живомир Богдановски, син на Владо Богдановски, член на Судскиот совет, вработен во Основен суд Скопје 1

37.Ена Реџепагиќ, ќерка на Сеад Реџепагиќ, судија, вработена во Основен суд Скопје1

38.Александар Тошевски, брат на Анастасија Илиевска, советник за безбедност во кабинетот на претседателот на РМ, вработен во Централен регистар-Прилеп

39.Андреја Илиевска, ќерка на Анастасија Илиевска, советник за безбедност во кабинетот на претседателот на РМ, вработена во Агенцијата за разузнавање

40.Георги Чурлинов, син на Билјана Чурлинова, советник во Општина Центар, вработена во Сектор за јавни набавки, Општина Центар

41.Љубе Јанушев, татко на Игор Јанушев, ВМРО-ДПМНЕ, вработен во Центар за управување со кризи

42.Верица Јанушева, сестра на Игор Јанушев, ВМРО-ДПМНЕ, вработена во МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раст од 36,1%: Минатата недела 49 лица по втор пат заболеле од Ковид-19

Редакција

ДИК: До 13 часот излезноста 20,73 отсто, гласањето без неправилности

Редакција

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Редакција