еМагазин
Image default
Балкан

Триесетгодишен македонски државјанин се удавил кај Дубровник

Тело на 30-годишен македонски државјанин извадила попладнево хрватската полиција од море кај Дубровник. Како што јавува ХИНА, во тек е увид на местото и се утврдуваат околностите за смртта на мажот, а неофицијално се удавил.

Дубровничко-неретванската полиција соопштила дека нешто пред 13 часот од Јадранското Море на подрачјето на Бониново кај Дубровник е извлечено мртво тело на маж, кој е идентификуван како 30-годишен државјанин на Македонија со постојан престој во Дубровник.

Локалните портали објавуваат дека полицијата малку пред 13 часот била повикана од граѓани кои виделе дека некој се дави во морето кај Бониново. Интервенирала итната помош и полицајци со полициски брод.

Неофицијално наведуваат дека мажот паднал во морето од кое не можел да излезе. Откако бил извлечен од водите сè уште давал знаци на живот, а дека потоа починал.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Кривична пријава за Јосипа Лисац за начинот на кој ја отпеала хрватската химна

Редакција

(ВИДЕО) Најмалку еден загинат во силен земјотрес на Крит

Редакција

Грција ќе гради мега луксузен ресорт од 420 милиони евра на Пелопонез

Редакција