Државјанин на САД, вчера се здобил со тешки телесни повреди при пад на скијање на турнир што се одржувал во скијачкиот центар Копанки-Пелистер каде учествувал, информираат од МВР.
Во 14:00 часот, вчера во Центарот за известување и команда Битола, од страна на Итна медицинска помош – Битола било пријавено дека од нивна страна во Клиничка болница – Битола бил пренесен Д.Ц (37), државјанин на САД, кој се повредил при пад на скијање.
Кај Д.Ц. е констатирана тешка телесна повреда, што ја здобил при учество на турнир во скијање што се одржувал во скијачкиот центар Копанки-Пелистер, се наведува во соопштението.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.