Македонскиот дизајнер Славче Таневски на саемот за автомобили во Женева, пред светската јавност денеска премиерно го претстави своето ново дело, Mercedes-Benz CLA Shooting Brake (9 минута и 49 секунда од видеото).
Интересно е што својата презентација ја почнува со своите први цртежи од само 2-годишна возраст, кусо објаснувајќи ги своите визуализации за автомобилите.
Инаку, тој е еден од најмладите членови на врвниот тим на дизајнери на Mercedes-Benz каде досега самостојно креираше неколку модели за најстариот автомобилски бренд во светот.
На официјалната презентација претставени се и освежениот GLC, како и новиот Mercedes-AMG GLE 53 и нови дополнувања во семејството EQ на електрични возила на Mercedes-Benz.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.