еМагазин
Image default
Бизнис

Македонија и Србија сакаат удел во бугарската нуклеарка Белене

Бугарскиот заменик-премиер Томислав Дончев изјави за весникот „Труд“ дека Северна Македонија и Србија сакаат удел во идната нуклеарна централа „Белене“. Дончев, како што пренесува БТА, истакна дека „не постои шанса нуклеарната централа Белене да се гради без учество на рускиот Росатом“.

Нуклеарната централа Белене се планира да се гради во северниот дел на Бугарија, во близина на Дунав, за да ги замени реакторите на нуклеарната централа Козлодуј, кои се повлечени од употреба како дел од исполнувањето на условите за влез на Бугарија во Европската унија.

Во 2010 година, бугарската Влада го замрзна овој проект на неопределено време поради неизвесната профитабилност. Според новите планови на Владата во Софија, нуклеарката Белене би требало да биде изградена во наредните 10 години, а би чинела околу 10 милијарди евра.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Гранит“ го доби тендерот на ЈП за државни патишта за докомплетирање на автопатот Миладиновци-Штип вреден 5,7 милиони евра

Редакција

Министерството за правда вработува 40 лица, плата до 22.490 денари

Редакција

Се распродава имот на „Типо“ вреден милиони: Се нуди деловен простор, накит и магацин

Редакција