Од Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) денеска најавија дека ќе поднесат прекршочни пријави за 30-тина професори и декани од Универзитетот „Кирил и Методиј“ (УКИМ), кои не доставиле анкетни листови.
Освен на УКИМ, ДКСК ќе спроведе контроли и на другите универзитети.
Антикорупциска упати повик до сите раководители во институциите да испратат податоци за избрани и именувани лица, со цел да се ажурира регистарот на Комисијата.
Од таму потсетуваат дека за неисполнување на оваа обврска се одговара прекршочно.
Анкетни листови се очекуваат и од нотари, извршители и административци.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.