На престојното Акционерско собрание на Алкалоид АД Скопје на дневен ред е и предлог-одлуката за употреба и распоредување на нето добивката остварена по годишната сметка за 2018 година, соопшти компанијата преку Македонската берза.
Според предлог-одлуката на акционерите им се исплатува дивиденда за 2018 година во висина од 272 денари нето, односно 320 денари бруто, за една акција.
“Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциските сметки на акционерите. Последен датум на тргување со право на дивиденда за 2018 година е 23.04.2019 година. Прв датум на тргување без право на дивиденда за 2018 година е 24.04.2019 година. Датум на стекнување на право на дивиденда за 2018 година е 25.04.2019 година. Исплата на дивидендата за 2018 година ќе започне од 22.05.2019 година“, информираат од компанијата.
Износот кој ќе биде поделен како двиденда по акција за 2018 година е за 12% поголем од тој што беше исплатен претходната година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одлични резултати на „Алкалоид“: Добивка од 14 милиони евра и 212 нови вработувања
„Алкалоид“ ги освојува пазарите во Полска, Унгарија, САД, Чешка…