еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Владин тим на гости во Алкалоид, Мукаетов најави инвестиции од најмалку 50 милиони евра за 5 години

„Алкалоид“ АД Скопје како една од најуспешните компании првпат доби финансиска помош од државата. Со оваа наша домашна компанија потпишавме Договор за финансиска поддршка за нов инвестициски проект на компанијата во времетраење од пет години и коn крајот на изминатата година на компанијата по овој основ и беа исплатени финансиски средства во висина од 35.292.916 денари, истакна премиерот Зоран Заев, кој заедно со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за здравство Венко Филипче и министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на бизнис климата за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ денеска ја посетија фармацевтската компанија „Алкалоид“ АД Скопје.

Заев посочи дека финансиската поддршка компанијата ја добила од Планот за економски раст со кој првпат ги изедначиле условите и критериумите за поддршка на инвестициите и конкурентноста на домашните и странските компании.

Целта на посетата, како што нагласи, била да ги споделат информациите со менаџментот на „Алкалоид“ за значењето на финансиската поддршка од Планот за економски раст, за постигнатите резлтати што компанијата ги бележи и одблиску да се запознаат со производствените процеси и технологии што таа ги спроведува.

„АД Алкалоид Скопје претставува врвен македонски бренд во фармацевтската индустрија по кој нашата земја е позната во светски рамки преку производство и продажба на фармацевтски, хемиски, козметички производи и производи од билно потекло. Компанијата има повеќе од 2.000 вработени и просечната нето плата по вработен во Алкалоид изнесува над 44.600 денари или над 700 евра, што е за секоја пофалба и е во насока на владиниот апел до компаниите за исплата на повисоки плати за вработените“, рече Заев.

Додаде дека измината година компанијата реализирала 212 нови вработувања и инвестиции од над 17 милиони евра.

„Би сакал да упатам особена благодарност до премиерот и високата владина делегација за интересот за Алкалоид. Повод за денешната средба беа резултатите од работењето на компанијата, плановите за влез на нови пазари, проширувањето на производното портфолио и слично.

Една од главните теми на средбата беа инвестициите кои ние како компанија континуирано ги спроведуваме и кои во изминативе 20 години надминаа износ од 200 милиони евра.

Дадовме осврт на 2018 година, во која Алкалоид имаше пласмани од над 159 милиони евра, од кои преку 100 милиони беа наменети за извозните пазари и инвестиции во износ од 17 милиони евра.

За прв пат годинава, компанијата доби финансиска помош при процесот на инвестирање. Со овој договор, ние како компанија се обврзавме да инвестираме износ од најмалку 50 милиони евра за период од 5 години, а по констатираното придржување кон одредбите на договорот, ќе имаме право на 10% поврат на износот на инвестицијата, односно максимален износ од 1 милион евра годишно.

Како компанија која инвестира значајни фондови во своите капацитети, знаење и кадри, ваквата поддршка ни е дополнителен стимул од кој бенефит ќе имаат обете страни: компанијата во зголемување и осовременување на капацитетите, а Владата во посилна економија, зашто во секоја здрава економија треба да постои синергија помеѓу владата и стопанството“, изјави Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје.

МИА/еМагазин/Фото: Фејсбук/Шапуриќ/видео: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Пендаровски од Загреб: Добрата вест е што португалското претседателство заврши

Редакција

Невакцинираните деца за голема кашлица нема да се примаат во градинките

Редакција

Се уште немаат достоен споменик: 20 години од загинувањето на десетте бранители кај Карпалак

Редакција