еМагазин
Свет

„Етиопиан ерлајнс“ ги приземји сите свои Боинг 737 Mакс авиони

Авиокомпанијата „Етиопиан ерлајнс“ ја приземји флотата од Боинг 737 Макс авиони по вчерашната несреќа со овој тип авион во која загинаа 157 лица.

Компанијата издаде соопштение во кое се вели дека ваквиот чекор е преземен како „дополнителна безбедносна мерка за претпазливост“ по вчерашната фаталната несреќа.

– Иако сé уште не ја знаеме причината за несреќата, моравме да одлучиме да ја приземјиме таа флота како дополнителна мерка на безбедност, се истакнува во соопштението.

И Кина претходно соопшти дека нејзините воздухопловни власти ги приземјиле сите авиони Боинг 737 Макс, во очекување на понатамошна истрага.

МИА/Фото: Спутник

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Помеѓу загинатите во авионската несреќа во Етиопија и државјанин на Србија: Хуманитарец со големо искуство

(ВИДЕО) Авионска несреќа во Етиопија, ниту еден од 157. патници не преживеа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Украина забранува работа на проруски политички партии

Редакција

Воените трошоци во светот рушат рекорди, лидери САД, Кина и Саудиска Арабија

Редакција

Европа беше поплавена заради климатските промени: Екстремните врнежи ќе станат редовна појава

Редакција