Со 52 гласа денеска во Собранието се усвои Законот за спречување и заштита од дискриминација.
Тројца од пратениците беа воздржани, а против немаше.
Законот се носи со т.н бадентерово мнозинство, па за него гласаа 13 од 20 присуни пратеници кои се припадници на немнозинските заедници, против немаше, а еден беше воздржан.
Со законот се забранува секоја дискриминација врз основа на раса, боја на кожа, потекло национална или етничка припадност, пол, род, сексуална ориентација, родов идентитет, припадност на маргинализирана група, јазик, државјанство, социјално потекло, образование, религија или верско уверување, политичко уверување, друго уверување, попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, лично својство и општествен статус или која било друга основа.