еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Над 300.000 работници може само да сонуваат просечна плата

Иако просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2018 година, изнесувала рекордни 25.784 денари, што е пораст од 8 отсто во однос на истиот месец претходната година стотици илјадници работници во земјава можат само да го сонуваат овој износ.

Имено, според податоците на Државниот завод за статистика, во последното тримесечје од 2018 година, активното население во Република Македонија изнесува 957.609 лица, од кои вработени се 771.806 лица.

Во секторот земјоделство каде просечната плата е 19.101 денари се вработени 113.847 лица, во преработувачката индустија каде просечната плата е 21.427 денари се вработени 155.160 лица, во градежништвото каде што просечната плата е 22.633 денари се вработени 58.122 лица.

Математиката покажува дека за над 300.000 лица просечната плата во земјава е се уште недостижна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ 

Просечната нето плата во декември лани, 25.784 денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе затворат легални домашни компании, а преку онлајн страници друг ќе го превземе бизнисот, велат од компаниите за игри на среќа

Редакција

Корона вирусот ја урна цената на горивата: Рекордно намалување на бензинот и дизелот

Редакција

Кои се кандидатите за заменици министри на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада

Редакција