еМагазин
Image default
Бизнис

АЕК: За пенкалата очекувавме понуда од 165 денари, за набавката направивме детална анализа

Набавката на пенкала со циркони од страна на АЕК, на нож беше дочекана од страна на јавноста, а во врска со оваа набавка, од Агенцијата излегоа со соопштение.

„Во врска набавката на репрезентативен материјал, Агенцијата за електронски комуникаци и тоа како има направено детална анализа за неопходноста на набавката. Имено, во 2019 година, во планот за работа на Агенцијата за електронски комуникации има активности како што се организација на IRC 2019 – Охрид, обуки и сертификација за ISO 27001 имплементатори, обуки и работилници за изведба на Анализа на ризик, обуки за процена на ранливости, pentest и дигитална форензика за обезбедување на докази, национална вежба за координација, минимум 2 состаноци со конституенти и конференција за Cyber security.

Кај сите погоренаведени активности се очекува да има минимум по 100 присутни слушатели.

Исто така, треба да се земе во предвид и соработката на Агенцијата за електронски комуникации со меѓународните организации, институции и тела, одржувањето контакти и размена на искуства со регулаторните тела на други земји, меѓународните организации и институции, организацијата на погоре споменатите меѓународни настани (работилници, семинари, конференции во државата), координацијата на активностите кои се однесуваат на членство во меѓународни тела и институции, подготовките за реализација на посети на странски делегации итн.

Известуваме дека оваа набавка на репрезентативен материјал се однесува за 2019 и 2020 година, и е набавка што била планирана и спроведувана и во изминатите години, со мали измени во техничката спецификација.

Одделението за јавни набавки во Агенцијата за електронски комуникации е задолжено за спроведување на набавката, како и за сите други планирани набавки, и на најпрофесионален можен начин ја реализира целата постапка до крај.

Врска информацијата за набавка на пенкала за кои што во медиумите е презентирана погрешна и несоодветна цена, сметаме дека е тенденциозна и несериозна постапка од Ваша страна, земајќи го во предвид фактот што во минатото цената на ваков тип на пенкало изнесувала 165 денари со печат на метал, очекуваме дека и во оваа набавка ќе добиеме на понуда приближно иста цена.

Замолуваме во иднина пред да се пласираат лажни и невистинити информации кои што го нарушуваат угледот на Агенцијата за електронски комуникации која важи за сериозна институција , да се проверуваат цените кои што стојат во сите промотивни каталози на сите фирми кои што во својата понуда имаат репрезентативен материјал.

Истовремено, известуваме дека Агенцијата за електронски комуникации се финансира од сопствени приходи согласно Законот за електронски комуникации, а не од буџетот на државата и дека за секоја набавка што се планира да се спроведе, согласност дава Комисијата – орган надлежен за Агенцијата за електронски комуникации“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер „полуде“ за тендерот во АЕК: „Го срушивме режимот со пенкало со циркони!“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стопанска банка Скопје со зголемена добивка во првото полугодие

Редакција

„Енерџи актив“ го доби тендерот на „Комунална хигиена“ за набавка на струја вреден 57.000 евра

Редакција

ЕДС Инфо Поинт: Просечната цена на струјата во декември повисока за 145 евра во споредба со претходниот месец

Редакција