На 13.03.2019 во 16.40 часот во Полициската станица во Кочани, С.П.(74) од Кочани пријавил дека истиот ден околу 11.00 час.от бил измамен од непознато лице, информира МВР.
Според пријавеното, лицето дошло во неговиот двор на улица „4-та Македонска бригада“ и му понудил огревно дрво за продажба.
Пријавителот се согласил и заедно отишле да ги видат дрвата, а во меѓувреме непознатото лице се вратило назад и од сопругата на пријавителот побарал 9.000 денари за дрвата. Таа му ги дала парите и лицето си заминало. Откако С.П. се вратил дома сфатил дека бил измамен. Се работи на расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.