еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За Русија станавме Северна Македонија

Русија ја призна денеска нашата држава под новото уставно име – Република Северна Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.

Во соопштението од руското МНР се нагласува дека на 18 февруари во руската Амбасада во Скопје е добиена нота од нашето МНР со кое се известува дека официјалното име на државата е променето во Република Северна Македонија.

-Руската Федерација ја призна таа држава под новото име – Република Северна Македонија, се нагласува во соопштението од руското МНР.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ за спорот на Македонија со Бугарија: „Вие не сте она што мислите дека сте„

Редакција

И Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР ги регистрираа нападите за физичкиот изглед на Силјановска

Редакција

СОЗР на Владата ќе потроши 500.000 денари на одржување фонтани и базени

Редакција