еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Цензусот најголем непријател на Силјановска и Пендаровски, а „побратим“ на Талат Џафери

Како што се наближува 21 април, денот за кога се закажани претседателските избори се погласни стануваат најавите за бојкот на изборите од разочараното членство и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, кои се незадоволни од преќутното одобрување на партијата на политиките на власта.

Станува јасно дека потребиот цензус од 40 отсто од запишаните избирачи ќе се обезбеди многу тешко посебно ако се земе предвид дека и досегашните избори за претседател покажуваат дека албанските гласачи многу тешко излегуваат од домовите на вакви избори.

Ако на тоа се додаде и слабата заинтересираност на гласачите од дијаспората може да се очекува дека битката на овие избори ќе се води околу обезбедување цензус, а не кој ќе биде претседател.

Според регулативата, ако изборите не бидат успешни, функцијата претседател на државата ќе ја извршува претседателот на Собранието Талат Џафери.

Колку време ќе биде претседател зависи од тоа кога ќе бидат закажани нови избори, што е оставено на договор на политичките субјекти, а не е предвиден законски рок.

Премиерот Зоран Заев веќе најави дека доколку нема цензус на изборите за претседател ќе има предвремени парламентарни избори, што се чини дека е извесно сценарио доколку во меѓувреме не се случи чудо во однос на излезноста.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дизелот поевтинува за 2,5 денари, цените на бензините остануваат исти

Редакција

Сите документи се спремни за увид за пожарот во Тетово, велат од Министерство за здравство

Редакција

(Фото) Порака на снег од татко до син, кој е во болница, хит на социјалните мрежи во регионов

Редакција