еМагазин
Image default
Македонија

Нови рочишта за „ТНТ“ и „Тарифа“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржат рочишта за „ТНТ и „Тарифа“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Предметот „ТНТ“ се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Огнен Ставрев, а меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

На обвинителната клупа денеска треба да седнат и поранешниот генерален директор на АД ЕЛЕМ  Дејан Бошковски и уште две други лица, кои се обвинети во случајот „Тарифа“.

Станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожарот кај Пехчево се шири кон Бугарија

Редакција

„Титаник” продолжува на 29 септември

Редакција

Интерпелацијата за Спасовски и кризната состојба на дневен ред во Собранието

Редакција