На 20.03.2019 во 18.40 часот во Полициската станица Штип, С.В.(49) од село Ропотово, општина Долнени, пријавил дека бил измамен од лицето З.И.(57) од Штип, информира МВР.
Според пријавеното, во февруари 2019 година С.В. му дал на З.И. 62.000 денари за да му набави лекови од Бугарија.
З.И. ги зел парите и се обврзал дека за пет дена ќе ги набави лековите. Исто така, според пријавеното, до денот на пријавување, С.В. неколку пати се обидел да контактира со З.И., но не успеал да го најде, по што заклучил дека е измамен. Се работи на расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.