Гоце Филиповски, татко на полицаецот што викендов беше прободен со нож во угостителски објект во село Маарино, скопско преку својот Фејсбук профил ги повика лицата од обезбедувањето да кажат кој го употребил ножот по расправијата во која нaстрада неговиот син.
Тој обвинува дека извршители на делото се синовите на Звонко Цветковски, поранешен градоначалник на општина Петровец, сега советник во МВР.
По ваквите обвинувања Цветковски за 24 Вести изјави дека и неговите синови биле повредени во тепачката и негира дека тие го сториле делото.
„Тие учествувале, но не го направиле делото што е направено. Биле нападнати, моето дете и денеска беше во болница“ изјави Цветковски.
Според МВР, на 23.03.2019 година во 00,30 часот во СВР-Скопје било пријавено на улицата “532“ во угостителски објект во с.Марино–скопско дошло до нарушување на јавниот ред и мир помеѓу лицата: Ф.Ф. (27) од с.Кадино-скопско од една страна и А.Ц. и Ј.Ц. од друга страна, при што Ф.Ф. бил прободен со нож, информира МВР.
Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, а А.Ц и Ј.Ц се приведени во полициска станица. Се работи на расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Му удриле нож по расправија во кафана