Јавното претпријатие „Градски паркинг Скопје“ бележи позитивни резултати во финансиското работење во 2018 година.
Билансот на успех во годишниот извештај на ова претпријатие покажува дека приходите од јавни паркиралишта во 2018 година пораснале за 8,63% во однос на претходната година.
ЈП Градски паркинг во 2018 по основ приходи од јавни паркиралишта заработило 147.115.268 денари, што е за 11.686.703 денари повеќе во однос на 2017 година.
Најголем пораст во овие приходи претпријатието имало во делот на зонското паркирање, додека приходите од затворени паркиралишта и катни гаражи останале речиси непроменети во споредба со претходната година.
ЈП „Градски паркинг“ остварило пораст на приходите и во секторот пајак, односно во 2018 година секторот пајак имал приходи од 25.213.459 денари, што е за 11,61% повеќе во однос на претходната година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Паркови и зеленило“ во загуба
ЈСП Скопје лани двојно ја зголемил добивката
„Водовод и Канализација“ лани со приходи од 1,1 милијарда денари