еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Врховен го укина куќниот притвор на Мијалков за „Империја“

Врховниот суд ја уважи жалбата на обвинетиот Сашо Мијалков, поранежен директор на УБК, и му го укина куќниот притвор за случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Мерката куќен притвор е укината и обвинетиот се пушта да се брани од слобода, поради мислењето што го донесе Врховниот суд дека СЈО нема законско право да бара притвор и да спроведува истраги 18 месеци по формирањето на СЈО.

– Врховниот суд на Република Северна Македонија на 27 март 2019 година донесе решение по предметот заведен под ВКЖ1.бр.19/2019, со кое ја уважи жалбата на бранителот на обвинетиот С.М., адвокат Љупчо Шврговски од Скопје и решението на Апелацискиот суд Скопје КСЖ.бр.116/19 од 28.02.2019 година го преиначи на начин што ја укина мерката куќен притвор и го пушти обвинетиот да се брани од слобода веднаш по приемот на решението, се наведува во соопштението од Судот.

Решението, како што се додава во соопштението, е донесено согласно начелното правно мислење утврдено на Општа седница на Врховниот суд одржана на 30 јануари годинава, а бидејќи мерката куќен притвор спрема обвинетиот С.М. е определена по барање на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, кое нема својство на овластен тужител во оваа постапка.

Мијалков вчера излезе од Истражниот затвор „Скопје“ откако Апелацискиот суд му ја укина мерката притвор и му определи куќен притвор за случајот „Титаник 2“ на СЈО, за кој беше осуден на три години затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер „збесна“ за куќниот притвор: „Кога на власта и треба 2/3 мнозинство, Мијалков и прави брегзит на Шутка“

Апелација одлучи: Мијалков излегува од Шутка, оди во домашен притвор

Мијалков тврди дека нема да бега, Апелација одлучува за неговиот притвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Етно-куќа „Благибог“ – прекрасна можност за „бегство“ во Мариово

Редакција

Се забранува собирање во група, повеќе од 5 лица во паркови и на други јавни места и површини

Редакција

Ангелов до Дардишта: „Намалете го вашето „патриотско“ доживување, обидот за обезбедување на ново парламентарно мнозинство е демократски процес“

Редакција