еМагазин
Image default
Локално

Жена загина во сообраќајна несреќа на автопатот Тетово – Гостивар

Во судар на две возила на наплатна рампа на автопатот Тетово – Гостивар утрово загина 51-годишна жена од Кичево, информираше Секторот за внатрешни работи – Тетово.

Несреќата се случила  околу 6.45 часот.

-На самата наплатна станица што е во близина на Тетово помеѓу две кабини се случи сообраќајната несреќа со две возила. „Мерцедес“ со охридски таблички управуван од 51-годишна жена жителка на Кичево и „фолксваген туарег“ со дебарски таблички управуван од 37-годишен жител на градот. Поради сударот, на местото животот го изгубила жената од Кичево која била сама во возилото, изјави Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Возачот на другото возило, како и тројцата сопатници на возраст од 32, 36 и 62 години добиле различни телесни повреди и се пренесени во тетовската клиничка болница.

-Поради тежината на повредите сите се задржани за болничка опсервација, рече Јосифовски.

Увид на местото направиле службеници на СВР Тетово и јавното обвинителство. По наредба на јавен обвинител, телото на жената е предадено за обдукција. Полицијата почна истрага за утврдување на причините за сообраќајката.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во сообраќајка кај Страцин загина 53-годишен жител на Македонска Каменица

Редакција

На гостин не му се допаднало што полицијата привела три танчарки

Редакција

Син во Кичево го убил сопствениот татко

Редакција