еМагазин
Image default
ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ

Народна банка ја подготвува првата национална стратегија за финансиска едукација

Народната банка почна активности за подготовка на првата национална стратегија за финансиска едукација на населението, во рамки на проектот за техничка помош за финансиска едукација на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и Министерството за финансии на Холандија.

Претставници на ОЕЦД  и гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска денеска на средба потенцирале дека кај сите вклучени страни постои цврста решеност за максимана посветеност на проектните активноси.

Првата тековна фаза опфаќа мапирање на главните активности кај јавниот и приватниот сектор во земјава и утврдување на фактичката состојба за активните програми во полето на финансиската едукација.

Ангеловска-Бежоска истакнала дека проектот дава одлична можност за утврдување на идните активности за натамошно подигнување на нивото на финансиска писменост на населението во земјата, соопшти Народната банка.

Во петгодишниот проект, покрај Народната банка, се вклучени и Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на осигурување и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

Целта на проектот е градење на капацитетите за развој на финансиската едукација, како и изработка на национална стратегија за финансиско едуцирање на населението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народната банка отвори Порта за иновации

Редакција

Што треба да знаете за нефункционалните кредити на банките и како тие влијаат на вашата кредитна историја

Редакција

Што треба да знаете за колатералот при барање кредит од банка?

Редакција