Структурата на акционерскиот капитал на Комерцијална банка АД Скопје на 31.12.2018 година се состои од 4.940 акционери, правни и физички лица, од кои 93,8% се домашни, а 6,2% се странски, соопшти банката во годишниот извештај за 2018 година објавен преку Македонската берза.
„Во текот на извештајниот период настана промена на структурата на акционери со квалификувано учество од над 5%. До март 2018 година единствен акционер со квалификувано мнозинство од 13,076% беше East Capital Explorer Investments AB од Стокхолм, Шведска, кој во текот на месец март изврши продажба на сите свои акции во Комерцијална банка.
Како купувачи на овие акции се јавија 4 правни лица кои поединечно не го надминуваа прагот од 5% учество во акционерскиот капитал на банката.
Во текот на месеците мај и јули преку повеќе берзански трансакции беа истргувани акции на банката, чиј купувач беше правното лице „Адора Инженеринг“ ДООЕЛ ЕкспортИмпорт Скопје кое со оваа трансакција го надмина прагот од 5% од вкупно издадените акции на Комерцијална банка АД Скопје и заклучно со 31.12.2018 година заедно со поврзаните лица има учество од 10,09% во вкупниот број на издадени акции и 10,10% во вкупниот број на акции со право на глас“, пишува во извештајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За една година истргувани милион акции од Комерцијална банка
Граѓаните чуваат 1,1 милијарда евра во Комерцијална банка