еМагазин
Image default
Локално

Семејно насилство во Кочани: Татко со нож ја „завршил“ караницата со синот

На 11.04.2019 во 19.05 часот во Полициската станица Кочани, од Медицински центар Кочани било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен М.Г.(39) од Кочани, инфоормира МВР.

Според пријавеното, истиот ден околу 18.45 часот во домот на ул.„14-та Бригада“ во Кочани, по вербална расправија, Љ.Г.(58) од Кочани со нож му нанел повреда на неговиот син М.Г.(39).

По укажаната помош во болницата во Кочани тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид бил извршен, а Љ.Г. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица во Кочани. По целосно документирање на случајот против Љ.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Му фрлил бомба во домот во Драчево: Оштетени „Ауди“, „Рено“ и „Голф“

Редакција

Мигранти од Пакистан завршиле со убодни рани и повреди по меѓусебна тепачка

Редакција

Тоалетите во „Стив Наумов“ биле лошо реконструирани, затоа паднал таванот

Редакција